САКАМ ...

САКАМ ...
28 јануари 2025

 

 

СЕ САКАМ СЕБЕСИ

Ги сакам сите мои мали моменти, тајни и уживања. Го сакам тоа што сум и што можам да направам. Се сакам себеси во сите добри и помалку добри моменти од денот. Ги прифаќам моите слабости и ги претворам во мои скриени сили. Го сакам тој сјај во очите кога ја забележувам убавината околу мене или нешто што ми го загрева срцето. Удобноста во сопствената кожа и своето тело во сите фази од животот. 

Благодарна на животот, едноставно се сакам себеси, без разлика на околностите. Јас го живеам мојот живот. Доволна сум за себе.

 

ЕДНОСТАВНО СЕ САКАМЕ

Сакам кога сме заедно, нашите разговори и сјајот во нашите очи. Ги сакам сите наши искуства, авантури и насмевки. Ја сакам таа интимна искреност и доверба. Ја сакам смиреноста што не придружува кога сме заедно. Едноставно се сакаме во оваа луда вртелешка на животот. Тоа сме ние двајца, нашето безбедно засолниште каде се чувствуваме удобно, заводливо (за)љубени.

Го сакам... „тоа чувство да можеш да повикаш некого кога ти треба“. „Таа вистинска врска, дури и на далечина“, велат Ребека и Франко.

 

 

  

ГО САКАМ ЖИВОТОТ

Ги сакам воздишките на благодарност и безгрижност кога ги гледам моите сакани на крајот од  денот. Сакам да танцувам и да славам. Го сакам мојот живот во сета полнота. Ги сакам оние слатки спомени кои се мои засекогаш... "Се сретнавме на танц во Стаклената сала. Танцувавме танго, валцер, дури и твист. Нашиот рецепт за успешен брак е почит, толеранција и сознавање дека имаш семејство", ни се довери парот Лонго, кој 59 години „танцува“ низ заедничкиот живот. „Љубовта за нас значи разбирање и меѓусебно почитување.

Го сакам животот... мојот, нашиот, нивниот...

 

Им благодариме на сите соработници за Денот на вљубените: Ребека Г. и Франк У. како и на брачниот пар Марија и Николај Л.

© 2025 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.