Денес тешко можеме да го замислиме животот без градник, па затоа сме многу пребирливи при изборот - и треба да биде така, затоа што тој мора да ги дели сите предизвици на современото темпо на живот.
Сосема е нормално да имаме високи барања при изборот. Сакаме да биде прилагоден на нашите потреби, да нуди потребна поддршка, да биде заводлив и незабележителен, да биде во вистинската боја и да има привлечни детали како што се чипка, кристали, машни и транспарентни делови.
Во исто време, мора да биде дискретен и ефикасен. Градникот на Lisca денес е спој од сето ова, а почетокот на неговото создавање датира од 1955 година, кога условите беа сосема поинакви. Тогаш градниците беа редок и баран производ, а тимот на Lisca , составен од пет соработници меѓу кои Павла Лисец, Катица Валанд и Дора Божиќ - ја препознаа оваа можност.
Потребна беше многу фантазија и идеи. Првите градници беа доста несмасни, изработени од потешки и помалку удобни материјали, кои не можеа да се прилагодат. Иако денес нудат слобода, тогаш се бараше добра поддршка и обликување на линијата. Сега се неопходен дел од гардеробата, тогаш служеа како моден додаток што зрачеше со софистицираност и општествен статус.
Со текот на годините, искуството, трендовите и напредокот во материјалите донесоа повеќе женственост, удобност и елеганција. Lisca стана позната низ цела поранешна Југославија со исконскиот градник Majda - и така започна нејзината приказна за успех.


