Откриј ја модната приказна и пронајди инспирација за моментите кои остануваат на кожа.
I
Нема рецепт. Нема правила.
Љубовта не е секогаш приказна за двајца. Понекогаш е поглед на себе, момент за себе, луксуз на тишина и уживање.
Тоа е вечер која може да биде само нејзина – или заедно со некој што знае да го слуша нејзиниот ритам.


Љубовта започнува таму каде што жената ги зема работите во свои раце. Понекогаш слатко, понекогаш смело – секогаш по нејзино.
Затоа што таа не следи рецепти, таа ги пишува.
Со својата сила, нежност и смелост го зачинува секој момент. На свој начин.
Таа сама го одредува вкусот, ритамот и приказната.
Таа избира како ќе го вкуси моментот. Без разлика дали седи сама на маса или ја дели вечерта со некој – таа секогаш води.









