Градниците низ децении

Градниците низ децении
18 септември 2025

Влезете во светот на Lisca градниците. Оние парчиња без кои жената тешко може да го замисли денот. Нашите секојдневни сојузници кои ни обезбедуваат максимална поддршка и удобност. И секако – убави.

Lisca низ годините креираше бројни уникатни модели, погледнавме во архивата и издвоивме неколку атрактивни парчиња кои направија вистинска пресвртница во развојот.

МАНУЕЛА

Првиот push-up градник Lisca го креираше во1969 година, се викаше Мануела и го претставуваше тогашната амбасадорка Саша Зајц, Мис Европа. Градникот се закопчуваше напред и беше еден од најпродаваните модели сè до 90-тите години. Во 60-тите беа популарни и конусните, “bullet” форми кои создаваа елегантна силуета.

MANUELA Image
LUCIJA Image

ЛУЦИЈА

Во 70-тите Lisca креираше градници со обликувани, бесшевни корпи, што во тоа време беше голема технолошка новост, меѓу кои се издвојуваше моделот Луција. Лесните, удобните и естетски совршените градници воодушевија многу жени и во странство. Lisca беше меѓу пионерите во воведувањето термички обликувани корпи во долната облека, што претставуваше пресвртница во удобноста и естетиката на женската долна облека. Со тоа постави ново ниво на удобност и совршено прилегање.

Денес Lisca нуди огромен избор на различни градници кои одговараат на сите желби и вкусови. Трендовите се сè повеќе фокусирани на удобност и мекост, поради што долната облека ја чувствуваме како втора кожа – удобна, нежна и пријатна за секојдневно носење. Чипката и понатаму останува кралица на секоја сезона, атрактивните везови се секогаш неизоставни, а материјалите внимателно избрани и иновативни за да се обезбеди квалитет, издржливост и пријатно носење.

 

© 2025 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.