Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility

LISCA - МОЌТА Е ВО ТЕБЕ

LISCA - МОЌТА Е ВО ТЕБЕ
12 март 2026

Вечер во чест на женската сила, елеганција и самодоверба

По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, брендот Lisca организираше инспиративен и елегантен настан кој ја слави жената – нејзината сила, убавина и внатрешна моќ. Во рамките на кампањата „Моќта е во тебе“,  дванаесет влијателни и инспиративни  жени, секоја со своја приказна и животна патека, споделија дванаесет мотивирачки пораки кои одекнаа како симбол на храброст, автентичност и самодоверба, пораки што потсетуваат дека вистинската моќ не се мери со совршенството, туку со храброста да бидеме свои.

Во атмосфера исполнета со стил, софистицираност и женска енергија, вечерта беше повеќе од настан – беше прослава на индивидуалноста и силата што секоја жена ја носи во себе.

Брендот Лисца со кампањата „Моќта е во тебе“ упатува силна порака за важноста на женската улога во современото општество, како и за предизвиците и можностите со кои се соочуваат жените денес,  токму таа филозофија – дека женската сила произлегува од самопочитта, од љубовта кон себе и од способноста да се прифатат сите свои страни.

Тоа е тивка, но непоколеблива моќ која ја обликува секојдневната храброст на жената.

Токму тука се препознава и суштинската поврзаност на брендот Lisca со жената. Директорката на Лисца - Даниела Димовска Колиќ истакна дека Лисца седум децении  ја гради својата приказна токму на женската моќ, Лисца е присутна во сите убави моменти од животот на една жена, а нашата мисија е жената да се чувствува сигурно и своја. Со оваа кампања испраќаме гласни пораки за поддршка на жените да веруваат во себе и да чекорат храбро.

Пораката Моќта е во тебе не е само слоган, таа е потсетник  дека самодовербата започнува одвнатре. Кога жената се чувствува добро во својата кожа таа зрачи

Драги дами не заборавајте  “МОЌТА Е ВО ВАС”.

 

© 2025 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.